Во  споменот на  Воведение на Пресвета Богородица, на   4-ти декември 2017 година, во Соборен храм, во Скопје, отец Горан Јовановски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа

 

 

 


‘Царството Божјо е внатре во вас’ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нe учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него... Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните. Недостапниот, за секој ум, влегува во срцето и пребива во него; Сокриениот од оние што со оган зрачат се населува во срцето. Земјата не може да издржи под Неговите стапала, а чистото срце Го носи во себе. Небото е мало за Неговите дланки, а срцето е Негово живеалиште. Целата твар не може да Го смести во своите граници, но ако тоа го побара срцето Тој ќе се смести и во малото срце. - Свети Ефрем Сирин

 

 

.Преминпортал (к.т.)