Скопје, 27-ми септември лето Господово 2017

 Тропар, глас1.

Спаси ги, Господи, луѓето Твои и благослови го Твоето саледство, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му , и со крстото Твој пазејќи го Твоето наследство.

 

 Старечник

Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.

 Во шеснаесетата недела по Педесетница кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено молитвено го прослави споменот наВоздвижение на Чесниот Крст , свештеникот Јане Илиев во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на литургијата отецот произнесе празнична беседа.