На 26-ти август 2017 година,во храмот  Свети Спас, во скопската населба Драчево, презвитер Бобан Митевски во сослужение на ѓаконите Константин Светковски и Методиј Митановски  отслужи Божествена Литургија.

По  литургија се одржа прва веронаучна трибина посветена на Светото Писмо во организација на МПЦО „ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СВЕТИ СПАС“ ДРАЧЕВО. Воведничари bea вероучителите Илија Орачки и Стефан Цветановски, а како гости на трибината : проф. Петко Златески, презвитер Бобан Митевски и презвитер Горан Тасески.

Божествена Литургија во храмот Свети Спас, н. Драчево (26.08.2017)

И виде Бог дека е многу добро сѐ што го беше создал - Битие 1,31
"Значи, дојди, мој возљубен сине. Дојди, макар на еден ден, за да беседиме за Бога и да богословиме и ќе се насладиш со она за што мечтаеш. Дојди, за да ги слушнеш овие диви карпи, тие таинствени и молчаливи богослови, кои ќе ти изложат своите длабоки мисли и исповедите на твоето срце и умот кон нашиот Создател.

После пролетта, овде е навистина прекрасно, од Светата Пасха, па сѐ до Успение на Божјата Мајка, во август. Богословат овие безгласни богослови, овие прекрасни карпи, како што тоа го прави целата природа, како што го прави и секое создание, со својот глас или со своето молчење. Кога ќе ја спуштитш раката на тревката, таа веднаш ќе воскликне со својот природен миомирис: ох, ти не ме гледаш, но ме удри!. Така, секоја твар има свој сопствен глас, и кога ветерот ќе дувне, тогаш настанува хармонично и таинствено славење на Бога. Што да кажеме за ползачите, или за крилестите птици? Кога еден светител го пратил својот послушник да им каже на жабите да замолчат за да ја довршат Полуноќницата, тие му одговориле: Чекајте малку, најпрво ние да ја довршиме Утрената Богослужба."- св. Јосиф Спилеот

 

 

 

 Проф. Петко Златески – продекан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на тема: БИБЛИСКИТЕ ПРИМЕРИ ОД АСПЕКТ НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ;

 

ж


Презвитер Бобан Митевски – професор на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на тема: ПЛОД ДОСТОЕН ЗА ПОКАЈАНИЕ;

 

 


Презвитер Горан Тасески – свештеник во резиденцијалниот архиепископски манастир „Св. вмч. Георгиј“ – Криви Дол – Скопје, на тема: ЅВОНА ЗА ДУХОВЕН ПРЕПОРОД.


По нивното излагање,  се отвори дискусија со прашања од  присутните верници, и на крајот на ова многу драгоцена тибина,  вероучителот  Стефан Цветановски, ни го презентираше предлог планот за наредните трибини:

  •   Општата тема: Историско-христолошка претстава на животот и спасителното дело на Господ Исус Христос за време на овоземните 3ипол години.   Месец Септември: Секоја недела ќе се образлагаат  посебно 4 -те евангелисти. 
  • Во месец Октомври: Редослед на посланијата. 
  • Во месец Ноември: во 1-та  недела - Дела апостолски, раѓање на Црквата се до 313 година. 2-та недела - 7 вселенски собори до расколот 3-та -недела Развој на Црквата до денешно време (социјализам, секуларизам, национализам реформација) и во 4 та недела - Есхатологија, откровението, последните времиња.

 2017 лето Господово

Преминпортал (к.т.)