На 21. 08. 2017 година, празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија, одража пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион го посети манастирот посветен на Св. вмч. Георгиј во с. Ораовица – Радовиш, каде и присуствуваше на заедничката празнична трпеза на љубовта по повод Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш Св. мч. Спасо Радовишки.

 Извор: Брегалничка епархија

 

Друго: