Sample Image

23.08.2017.

 

На големиот христијански празник, Преображение на Господ Исус Христос, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Неготино. На крајот на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенослужителите пристапија на средината на храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето.