На 03.07.2017 година, Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужија  Света Златоустова литургија во манастирот  „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка . На Светата литургија како и секоја година пееше градскиот женски хор „Менада“ под раководство на маестро Ивица Зориќ. На литургијата многубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. Црковниот одбор при манастирот за целиот народ кој беше дојден од разни страни на нашата татковина приреди трпеза на љубовта.

 

 

 

 

 

Извор: Тетовско- гостиварска епархија