На 04. 06. 2017 година, на празникот Педесетница – роденденот на Светата Црква (Свегување на Св. Дух - Духовден), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архиерејска литургија во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија.

По светата литургија беше отслужена вечерната богослужба, по што Митрополитот г. Иларион произнесе празнична пригодна беседа.

Извор: Брегалничка епархија