Скопје, 3-ти мај  2017 год.- храм Свето Благовештение

На 3-ти мај  2017 година,  на празникот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје. Во текот на литургијата отецот произнесе празнична беседа.Потоа се прочитаа молитви за починатите.

 

 Св. Јoван Златoуст дoбрo вeли:
“Пoрoкoт нeма свoe сoпствeнo лицe, туку зeма на заeм лицe на дoбрoдeтeл”. Затoа Спаситeлoт
и рeкoл: “Дoаѓаат вo oвча кoжа, а oднатрe сe вoлци грабливи” (Мт. 7:15). Нарeчи гo лажливиoт
- лажливeц, крадeцoт - крадeц, убиeцoт - убиeц, блудникoт - блудник, клeвeтникoт -
клeвeтник и ќe ги oгoрчиш. Акo, пак, билo кoј чoвeк гo нарeчeш: чeсeн, нeсeбичeн, вистинит,
справeдлив, сoвeсeн, ќe гo oзариш и ќe гo задoвoлиш.

 

 

 

Стихови:
Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове,
Твоето милостиво срце да не држи лутина.

Во овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, божествените оци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, определија соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата.
Второ, бидејќи наредниот ден (недела) е посветен на Второто Христово пришествие, погодно е да се прави помен и за душите на починатите, молејќи Го страшниот Судија да биде милостив кон нив. Во оваа недела се потсетуваме и на изгонувањето Адамово од рајот. Споменувањето на Страшниот суд има уште за цел да ни ја претстави сликата на Судот, за да покаже дека постот е богоугодно дело. Во сабота правиме помен за душите уште и затоа што сабота на еврејски значи покој, одмор. Оттука и секоја сабота е ден определен за спомнување на умрените, а во оваа сабота, пак, правиме заеднички (соборно) помен, молејќи се за секој благочестив. Затоа божествените отци, знаејќи дека правењето помени за умрените, односно милостините и службите, донесува големо олеснување и полза, откако го примиле тоа од апостолите, ова и го довериле на Црквата.

 

 

http://preminportal.com.mk/polezno-i-potrebno/3506-sinaksar-ne-spomnuvaj-gi-grevovite-na-umrenite

 

Друго:

 

 Preminportal (k.t.)