Скопје, 15-ти март 2017 год.- храм на св.пророк Илија

 

Во Неделата на св. Григориј Палама, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на  Светиот свештеномаченик Теодот и Светиот маченик Троадиј, свештеникот Димче Бојковски  отслужи  Литургија на Претходноосветени Дарови во храмот на св. пророк Илија во скопската населба Аеродом, Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 

 

 

 

 

Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни со храброст и со сила. Те мачат плотски помисли и те привлекуваат кон чувствени наслади? Приграби го согорувачкиот оган на името Исусово и фрли го врз плевелот. Да не те мачи некоја световна работа? Речи: “Просветли ме, Исусе, како да се соочам со проблемот што е пред мене. Нека се разреши согласно со Твојата Света волја“. И види, ќе бидеш мирен и ќе чекориш со надеж.

 

Преминпортал (к.т.)