
На 08/21 јули, денот кога Светата Црква го слави споменот на св. Прокопиј, во Бигорскиот манастир и неговиот Метох во Рајчица се одслужи Молебен со процесна литија на која беше изнесена Чудотворната икона на св.Јован Крстител, како и крстот со честиците од Светиот Крст.

На литијата се приклучија сите гости со молитви кон Севишниот за ублажување на горештините, како и за благопријатен дожд.


известува: јеромонах Доситеј, Бигорски манастир