Скопје, 24-ти декември 2016 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 

На 24-ти декември 2016 година, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје,  во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,како и на Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчерба,  Митрополитот брегалнички г. Иларион во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи заупокоена  Литургија за новопостраданото чедо Божјо, г. Андреј Карлов, Амбасадор на Руската Федерација во Република Турција. По  Литургијата беше отслужен и Парастос.

Господ да го упокои, и да му подари Царство Небесно +

 

 

„Животот на Андреј Генадјевич заврши трагично. Тој ќе влезе во историјата на нашата Татковина како амбасадор на Русија, кој загина на бојното поле. Такви има многу малку. Тој ќе остане меѓу тие херои засекогаш во историјата на нашиот народ, и во таа смисла, во човечките животни категории, неговиот крај го направи бесмртен.
Но, постои уште една категорија – категоријата на вечниот живот, каде што не постои смрт. И она што е трагично за нас, кои сега го опкружуваме гробот на Андреј Генадјевич, не претставува трагедија за вечниот Бог, како што не претставува трагедија ни за него самиот, затоа што неговата бесмртна душа сега е исто така со нас. Таа душа, веќе е во другиот свет, за кого речиси ништо не знаеме, но точно знаеме, дека тој свет постои“. (Повеќе)

 

 

 

 

 

 

 

 

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=CIym2I8uQg4[/youtube]

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Скопје, 23.12.2016 год. - Амбасада на Руската Федерација

 

 пп