248544.b.jpg

Нобелова награда за 2016 година: Научно докажана полезноста на постот

05 октомври 2016 лето Господово

Есинори Осуми – специјалист за клеточна биологија од Јапонија, стана Нобелов лауреат во областа на физиологијата и медицината за научна заснованост на полезноста од воздржанието од храна. Откритието на Осуми доведе кон нови парадигми во нашето сфаќање за тоа како клетката ја преработува својата содржина. Неговото откритие отвори пат за сфаќањето на фундаменталната важност на автофагијата за мноштво на физиолошки процеси, како што е одбраната од инфекции.


Автофагија е процес на употреба и преработка на непотребните делови од клетката, односно ѓубрето што се насобрало во неа. Терминот го добива значењето од два грчки збора кои буквално се преведуваат како самојадење, т.е. јадење на самиот себе. Благодарение на неа, клетките се ослободуваат од непотребните честици, а и самиот организам во целина од непотребните клетки. Откритието на лауреатот сведочи: да се гладува, особено да се пости е крајно полезно, тоа претставува вистинско чистење на организмот. Како што уверува Осуми, тоа го запазува организмот и од предвремено стареење.

Извор: Православие.ру

 

Преземено од: Бигорски манастир