14333691_10154064986097572_6329799517337514375_n

16/09/2016   На 15.09.2016 г., на Аристотеловиот Универзитет во Солун, дипломантот на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, и професор во Македонската Православна Богословија,  Борче Грамбозов го одбрани неговиот магистерски труд на тема: „Догматските термини на Никејскиот символ и на Константинополскиот символ“.

 

14359041_1286841088015704_8741475501863638290_n

 Под менторство на професорката д-р Деспо Љаљу, на катедрата по Догматска и Символичка Теологија, и во комисија на професорите д-р Василиос Цингос и д-р Василиос Георгопулос, проф. Борче Грамбозов успешно ја презентираше својата дисертација, за што доби позитивни коментари и највисока оценка 10, и се стекна со титулата магистер – догматолог.

14344788_10154064986217572_2036094649126685969_n

 14368895_10154064986212572_514716155493629786_n

 Во заклучокот на трудот, м-р Борче Грамбозов вели:Теологијата ни покажува слика, во која харизматичната заедница се наоѓа во едно исто историско движење. Во ова историско движење биднува Божјата икономија: Старозаветната заедница (пророците, патријарсите, невоплотениот Син), Новозаветната заедница (воплотениот Син, апостолите, светите отци) и ние денес сме членови на таа Харизматична заедница! На оваа заедница Бог се открива и станува пристапен преку Богојавувањата, кои го поврзуваат Него со луѓето! Богојавувањата се откривањето на Троичниот Бог, преку Христос! Преку пристапот на формулациите на Никео-Цариградскиот Символ, откривањето на Троичниот Бог, објаснето од Христос, се чува од Светите Отци и Учители на Црквата!

14305213_10154065034572572_4949433986454016501_o

 

 Честитки за успешно завршениот труд, Бог да Ви подари уште многу успеси!