На 04. 09. 2016 година, 11 – та Недела по Педесетница, св. мч - ци Агатоник, Зотик, Зинон и др. ,св. мч – чка Антуса, во манастирот Св. Василиј Велики, кој се наоѓа на 1 640 м2 на Осоговските Планини во месноста Пониква, кој беше осветен пред осум години, Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија, одражапригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ и ктиторите и градителите на овој свет манастир. За сите присутни беше организиран автобуски превоз и заедничка трпеза на љубовта.

 

 

Извор: Брегалничка епархија