Скопје, 5-ти август  2016 год.- храм на св. Петка, н. Црниче

 

Во шестата  недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Светите маченици Трофим и Теофил  и уште тринаесетмина со нив , , во храмот на св.Петка во скопската населба  Црниче, отец Јован Ристовски  во сослужение на ѓаконот Јане Илиев ослужи Божествена Литургија Бројниот верен  народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Свети Силуан Атонски

Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бог со сето срце, со сиот ум, со сета душа. Можно ли е да Го љубиме без молитвата?... Оној што го љубиш на него мислиш, за него зборуваш, со него сакаш да бидеш.

 

 

 

По отслужувањето на Божествената Литургија, презвитер Игор Калпаковски отслужи мал петочен водосвет.

 

 

 Преминпортал (к.т.)