Скопје, 20-ти јули 2016 год.- храм на св. пророк Илија

На 20.07.2016 година, во четвртата недела по Педесетница,кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува  споменот на Светата великомаченичка Недела свештеникот Гоце Постолски  отслужи Божествена  Литургија во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.


Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени, зашто претходно било преобразено од благодатта, така што злото напредува полека и со тешкотии.- Старец Ефрем Филотејски

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)