image

На 12. 07. 2016 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле - Петровден, во храмот „Св. вмч Георгиј“ во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија. Пред светата литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во чтец богословот и теолог Мартин Митев од Соколарци – кочанско, а на светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража содржајна пригодна беседа.



По светата литургија, со иконата на Светите Апостоли Петар и Павле се изврши литија од храмот Св. вмч. Георгиј до Градскиот Плоштад во Кочани, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Пратеникот во Собранието на РМ од Кочани г. Иван Иванов, Претседателот на Советот на Општина Кочани г. Јордан Димитров, Секретарот на Општина Кочани г. Петар Апостолов и многуброен православен народ, го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодна беседа. По ова во Мултикултурниот центар во Кочани се одража свечена седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани и беше доделена награда за животно дело на м – р г. Иван Иванов(посхумно) и уметникот и сликар г. Танас Дедов, како и награди на првенци во генерацииите во Основните и Средните Училишта во Кочани и селедуваше културно – уметничка програма по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани Свети Апостол Петар.

 

Извор: Брегалничка епархија