Што е целта на нашиот живот?
Целта на нашиот живот е да стекнеме што повеќе Дух Свети, та да можеме да го победуваме секој грев, секое зло, секој демон во овој свет.

А тоа се стекнува со помош на молитвата, постот, милостината, милосрдноста и сите останати евангелски добродетели. Целта на нашиот живот е да го стекнеме Светиот Дух, а кога Него ќе го стекнеме — што ќе ни направат луѓето? Нашата радост е во тоа што сме посилни од смртта, и не само од смртта, туку посилни сме од секој ѓавол, од секој грев. Затоа слушате на Светата Литургија: Горе да ги имаме срцата! Да не се плашиме од нашите гонители, да не се плашиме од оние коишто сакаат да ни ја земат душата, туку со вера во Господа Христа ние ќе ги победуваме сите непријатели на нашата вера. И со нашата смрт, ако треба.

Преподобен Јустин Ќелиски

Избор од фејсбук страната на: Православно слово