На 24.05.2016 година, кога Светата православна црква го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија во Тетово, посветен на светите солунски браќа, се отслужи света архиерејска Литургија. На литургијата чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво.

 

 

За Преминпортал:

Синиша Георгиев: Тетовско-гостиварска епархија