Скопје, 15-ти мај 2016 год.- храм Свето Благовештение

Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.- Старец Паисиј Светогорец

 

На 15-ти мај 2016 година,  на празникот на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Преминпортал (к.т.)