Известување за летните кампови по Веронаука во Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Почитувани,

Ве известуваме дека и оваа година Бигорската и Рајчичката Обител ќе бидат отворени да примат голем број на деца, коишто се заинтересирани да земат учество во летните кампови по Веронаука. Нивниот престој, освен со часовите по Веронаука, Византиско пеење и Англиски јазик, ќе биде исполнет и со најразлични активности, работилници и учество во богослужбите коишто ќе ги продлабочуваат детските религиозни знаења и доживувања. Децата се во постојана придружба на монашкото братство и сестринство,  девојчињата во Рајчичкиот манастир а момчињата во Бигорскиот и се сместени во склоп на манастирските објекти. Капацитетот на сместување е 20 девојчиња во Рајчичкиот манастир и 10 момчиња во Бигорскиот. На летните кампови можат да присуствуваат деца со најмала возраст од 8 години, а исто така постои можност и за организирано доаѓање преку училишта, разни институции итн. Престојот е бесплатен и трае 4-5 дена.

Со оглед на тоа што веќе неколку термини се пополнети, ви ги наведуваме термините на преостанатите слободни кампови:

I камп: 16 – 20 јуни

V камп: 27 – 31 јули

VI камп: 04 – 09 август

VII камп: 11 – 15 август

VIII камп: 17 – 21 август

Пријавувањата се извршуваат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., и на телефон 078 738 403