Црковната општина на Македонската православна црква во Берлин ,викендот од 13 -15.мај .2016г. беше домаќин на годинешното епархиско собрание на Европската епархија на МПЦ-ОА.
Голем број на свештеници и делегати од Црковните општини во саботата на 14.мај.2016г. најпрвин присуствуваа на св.Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше  надлежниот Архиереј на Европската епархија, Неговото високопреосвештенство Митрополит Европски г-дин Пимен.
На собранието се донесоа значајни и мудри одлуки кои во иднина ке имаат големо значење пред се во духовниот напредок на сите Црковни Општини во Европа.


Домаќините беа беспрекорно организирани и според своите можности се потрудија на сите присутни да им излезат во пресрет,секому според потребите .
св.Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше  надлежниот
Архиереј на Европската епархија,Неговото високопреосвештенство Митрополит европски г-дин Пимен,со свештениците се отслужи и во неделата на 15.мај.2016г.
Трудот посветеноста и присуството на св.Богослужби и состанокот беше ублажен со убава панорамска прошетка низ прекрасниот Берлин.

 



Известува отец Душко Пецов -парохиски свештеник во МПЦО  св.Кирил и Методиј -Дортмунд