"Достоевски од устата на своите јунаци рекол дека христијанството е за Јунаци и гении на ДУХОТ. Самиот Христос рекол дека секој што го извршува Неговото слово знае ОТКАДЕ е тоа. И Павле рекол дека Евангелието Христово не е од човекот и не е според човекот. Може само да се претпостави дека, ако уште се продолжи човечката историја, еднаш можеби ќе се случи таква суштинска промена во луѓето, па тие навистина ќе станат браќа што заедно се молат „Оче наш“ вистински. Но, еве, остарев и се подготвувам да умрам речиси без надеж дека такво време на победата Христова ќе дојде. Секогаш кога слушам радио или земам весник в рака ме обзема ужас од ѕверското дивјаштво и суровоста на луѓето. Доста беше. Не ни доликува да бидеме песимисти. Ако не овде, на земјата, тогаш во идното Царство ќе ја видиме победата на вистината, и јас верувам дека таа победа е НЕИЗБЕЖНА...“ - Старец Софрониј

Избор од фејсбук страната на :

Monika Nikolova