с. Љубанци (скопско), 2-ри мај, лето Господово 2016- манастир на св. Никола на празникот на Воскресението Христово- Велигден (втор ден)

„Зoштo сeкoгаш тoлку мнoгу сe збoрува и пишува за макитe на свeтитe луѓe и свeтитe жeни? Затoа штo за свeти сe смeтаат самo пoбeдницитe и зарeм e мoжнo нeкoј да бидe пoбeдник бeз бoрба, маки и страдања? И вo oбичнoтo зeмнo вoјувањe никoј нe сe смeта за  пoбeдник ниту јунак, акo никoгаш нe бил вo бoрба и кoјштo нe сe намачил дoвoлнo и дoвoлнo нe пoстрадал.“

На 2-ри мај 2016 година, Втор ден Велигден, во манастирот на св. Никола, во село Љубанци (Скопска Црна Гора),  презвитер Горан Стојчевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Мештаните велат, дека столетна е традицијата на овој ден да доаѓаат во манастирот. Бројни беа посетителите од селото како и од Скопје, кои по Литургијата, сите гостољубиво  згрижени од сестринството на манастирот.

 

Благодатниот оган од Бигорски манастир беше донесен и во манастирот на св. Никола.

 Преминпортал (к.т.)