с.Љубанци- манастир на св. Никола на празникот на преп.Нил Сорски

Prp.-Nil-Sorskiy

  Слова пак на светите отци и други [творби] има мноштво! И затоа, изучувајќи го Божествените Писма, ги предаваме на оние кои доаѓаат при нас и имаат потреба од нив (поточно, не ние, зашто сме недостојни, но [самите] блажени свети отци [зборуваат] од Божествените Писма), и оние кои живеат кај нас, треба да се стремат грижливо да ги чуваат – тоа е нашата желба и љубов.

Ако некој од браќата, од мрзеливост или небрежност отпадне со нешто од она што му е предадено, тоа треба да му го исповеда на игуменот, и тој, како што треба, да го исправи гревот. Така, ако во келијата се случи прегрешението или ако тоа го снајде оној кој излегол некаде [од неа] – со исповед треба да се исправи. Зашто многу внимателност треба да има оној кој излегол некаде од келијата, и особено треба предаденото да го сочува. Зашто, за многумина е мрско отсекувањето на својата волја заради Бога, но секој денес незаконски си присвојува оправдание. За таквите, во божествената „Лествица“ е речено: „Подобро [послушникот] да се избрка, отколку да се остави да ја твори својата волја, затоа што оној кој го избркал, често го прави изгонетиот најсмирен и понатаму [го принудува] да ја отсекува својата волја, а кој си мисли, дека снисходењето кон нив е човекољубие, тој ги прави истите да се проколнуваат себеси за време на [нивното] заминување“.

 
Од светите отци строго ни е предадено тоа, секојдневната храна и останатото потребно, што Господ и Пречистата Негова Мајка ќе ни го овозможат, [да го задобиваме] од праведните трудови на своето ракоделие и работа. Кој не работи – рекол Апостолот – нека не јаде (види 2 Сол. 3, 10), зашто нашиот живот и потребите [од нашите сопствени трудови] треба да се одржуваат. А треба да го работиме тоа, што може да се работи под кров. Ако во општежитијата по потреба, пофално е и под отворено небо, [на пример], со спрегнати волови да се ора или нешто друго тешко со свои сили да се работи, вели Божественото Писмо, тогаш за оние кои живеат осамено тоа е достојно за прекор. Ако во нашите потреби не се задоволиме од работата своја, поради

 

 

По Литургијата, екипата на Канал 5 и новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ, подготвија одличен прилог со игуменијата сестра Евпраксија за манастирскиот живот на сестринството, историјатот, типикот и рукоделанието.

Преминпортал (к.т.)