Две нови книги

Две нови изданија на Кумановско-осоговската епархија
12 април 2016
"Две нови изданија на Кумановско-осоговската епархија"



Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави уште два нови наслови во својата библиотека: рускиот бестселер на Јегоревскиот Епископ Тихон Шевкунов – „Несвети, а свети и други раскази“ (која беше прогласена и за Книга на годината), како и белешките од дневникот на светата маченичка и царица Александра Романова, собрани под наслов „Дарувајте љубов“.

Овие, а и другите изданија на Кумановско-осоговската епархија се изложени на тековниот, 28. Саем на книгата во Скопје по популарни цени.

 Извор: Кумановско-осоговска епархија