Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а по иницијатива на монаштвото на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во чест на споменот посветен на светите Пречистански преподобномаченици, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на 8 април 2016 лето Господово (петок), со почеток во 22:30 часот, ќе се отслужи сеноќно бдение.

Со Бдението ќе началствува Поглаварот на Македонската православна црква, во сослужение на архимандритите од македонските манастири. На Бдението ќе пеат хоровите при братствата на Бигорскиот и Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“. Литургијата ќе започне во 02:00 часот по полноќ.

Исто така, во прилог на ова духовно чествување, на 8 и 9 април, во истиот храм ќе се одржи и црковен саем на книгата, на кој учество ќе земат издаваштвата при епархиите на МПЦ – ОА.

Извор: Скопска епархија