image

По подолга пауза поради финансиски причини, на наша заедничка радост, еве повторно ве радуваме со две нови прекрасни изданија од Библиотеката Св. Гаврил Лесновски, која се надеваме дека со Божја и со ваша помош, ќе продолжи понатаму веќе многу зачестено да ве изненадува и да го збогатува и облагородува вашиот духовен живот со сè повеќе нови печатени книги, кои ќе изобилуваат со подвижнички и светоотечки поуки, но и со православни одговори на многу прашања и појави кои го измачуваат денешниот православен христијански верник, помагајќи му да го пронајде вистинскиот пат кон спасението во денешниот обезбожен свет. Еве краток опис на новите книги, кои можете и веднаш да ги порачате по е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) или на Facebook страната: Библиотека „Св.Гаврил Лесновски“:

14. Св. Јован Кронштадски – КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ (Силни, богомудри и боговдахновени поуки за духовниот живот од големиот светител на Руската Православна Црква од почетокот на 20. век. Книга која вистински духовно ќе ве отрезни и ќе ве го покаже патот кон Царството Небесно); 2016; стр. 108; ЦЕНА 150 ден.

15. ЛУЃЕ БОЖЈИ И ЗЛИ ДУХОВИ – Православно учење за демоните и за духовната борба против нив ( Многу луѓе кога ќе чујат нешто за ѓаволот и неговите сплетки, тоа го разбираат како сказна. Но што и да зборуваат и да мислат луѓето за ѓаволот, тој постои во реалноста и тоа е неспорно. Ѓаволот постои, а неговите погубни дејствија се гледаат по целиот свет. Според мислењето на еден свет старец, најголемата победа на ѓаволот е таа, што успеал да ги убеди луѓето да мислат дека тој не постои.); 2016; стр. 200; ЦЕНА 200 ден.

Со секоја купена книга го помагате поскорото излегување од печат на нов наслов од Лесновската библиотека! НАСКОРО!!! Св. Јован Златоуст – БЕСМРТНИ СЛОВА, Св. Лаврентиј Черниговски – НА ДВЕРИТЕ НА ВЕЧНОСТА, Старец Виталиј – НА ЧИСТИТЕ ИМ Е СЕ ЧИСТО, Старец Клеопа – ВОЗДИГ КОН ВОСКРЕСЕНИЕ, ЈУРОДИВИОТ ЧОВЕК БОЖЈИ – Житие, подвизи и чуда на старец Гаврило Грузијски