01.jpg

02.jpg

3/16 март 2016 лето Господово

„Кога постиме со стомакот, да постиме и со јазикот, да се воздржуваме од клеветење, од лага, од празни зборови, од понижување на браќата, од гнев, како и од секој друг грев, кој го правиме со нашиот јазик. Исто така, треба да постиме и со нашите очи, односно да не ги гледаме суетните работи, да не им даваме слобода на очите – никого да не го гледаме срамно и без страв. И со рацете и со нозете наши треба да се воздржуваме од секое лошо дело“ (Преподобен Авва Доротеј)

05.jpg

07.jpg

10.jpg

12.jpg

Прва седмица од Великиот Пост. Вистински духовен пир, неизмерна наслада, светла радост за душите на оние што Го љубат Бога и сакаат да пребиваат во Негова близина. Зашто ништо друго не ја доближува душата толку блиску до Бога, како што го прави тоа светиот пост, искреното покајание и смирената молитва. А сите овие блажени средства за возвишување на душата до Божествените прегратки ги има во изобилие во текот на целата Четириесетдневна пролет, но тие особено доаѓаат до израз во првата седмица, кога во храмот се менува целата атмосфера и душата одеднаш се наоѓа во некакви чудесни предели, предели на задлабочени созерцанија, на согледување на сопствените гревови, на духовен покаен плач и долга молитва. Тука е и блажениот тримир, тридневие во кое единствена храна и питие за монасите и верниците се умилителните стихири од Посниот Триод, старозаветните раскази, пророштва и мудрости, покајните тропари од Канонот на Св. Андреј Критски, бројните метании, молитвата на Св. Ефрем Сирин... За Бигорската Обител тоа е навистина едно свештено време, време за кое би можело да се каже дека на некој таинствен начин се откинува од земското времетечение и се прилепува до вечноста. „Тоа е време“ - ќе рече нашиот Старец, Архимандрит Партениј – „кога најмногу се открива длабочината и убавината на православното богослужение. Зашто целиот тој чудесен склоп на молитвословија го составувале Божествени луѓе, кои најпрво го примениле и го доживеале самите тие, а потоа ни го предале и нам како најскапоцено духовно богатство. Ова е период на особена духовна борба, налик на борбата на Јаков со Бога (1.Мој.32:24-30), кога со засилени подвизи се бориме, преку молитвата да Го видиме Бога“. Тоа го чувствуваат сите, и браќата монаси и надојдените млади верници, кои токму поради таа причина оставаат секаква животна грижа, ги оставаат дури и своите домови и работни обврски, и доаѓаат во Манастирот за целосно да Му се предадат на Бога, и со душата и со телото. И се насладуваат неискажливо од прекрасните духовни плодови на тримирот, за најпосле, преку Светата Причест на денешната Литургија на предосветените Дарови, која започна во 12 часот напладне, да се соединат со Оној, Кого толку силно Го возљубиле. А Литургијата, водена од нашиот Старец, беше навистина едно такво благодатно доживување, едно молитвено спојување со Бога.

Нека биде овој тридневен подвиг на многубројните млади христољупци за спасение на нивните души и душите на нивните ближни, како и за благослов на целиот наш род и на Татковината наша!

13.jpg

14.jpg

15.jpg

16.jpg

17.jpg

18.jpg

20.jpg

21.jpg

22.jpg

Извор: Бигорски манастир