-  Обидете се срцето и намерите на  ближниот  да ги  толкувате  позитивно,а не негативно; во тој случај, ретко ќе бидете во можност да згрешите,  а  на вашиот  ближен ќе му биде полесно да се поправи.

Како да стекнеме христијанска надеж?

- Средства за добивање на спасителната надеж се: молитвата, вистинското учење за блаженството и вистинското следење на тоа учење.

 

 Што е молитва?

- Молитвата е вознесување на умот и срцето кон Бога. Тоа вознесение се остварува преку благоговејни слова на човекот кон Бога.



  Што треба да правиме додека се молиме?

- Христијанинот, вознесувајќи ги умот и срцето кон Бога, треба да го прави следново. Најнапред, да Го прославува заради Неговото Божествено совршенство, како второ, да Му благодари, поради Неговите благодејанија, и, како трето, да ги проси од Него своите потреби. Затоа, постојат три главни начини на молитвословија: славословие, благодарење, прозба (измолување).

 

Св. Филарет Московски