Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави пет нови наслови во својата библиотека: двотомната антологија на предавања, интервјуа и проповеди на Митрополитот Антониј Сурошки насловени „Пастирство“, студијата „Биоетика на репродуктивните технологии“ на отец м-р. Филип Станковски, како и Акатистот на Пресвета Богородица и Статиите на Велики Петок наменети, пред сè, за богослужбите во Великиот пост.

Пет нови наслови во бибилиотеката на Кумановско-осоговската епархија

 

 
извадок од предговорот на книгата „Пастирство“
„Дајте ни од вашиот елеј“

И ќе ви дадам пастири според Своето срце, кои ќе ве пасат со знаење и благоразумност.
Јерем. 3,15

Господ наш Исус Христос трипати го прашал апостол Петар: Ме љубиш ли? – и трипати слушнал потврден одговор. Се сетив на тој евангелски настан (Јн. 21, 15-17) затоа што, и во оваа книга, и во ова воведно слово станува збор за пастирството и за пастирот. И би сакал да се посвети внимание на тоа, какви различни интонации се слушаат во формираните прашања на Спасителот за пастирското достоинство, секогаш откривајќи во него нова смисловна ветка:

Ме љубиш ли ти повеќе од овие? – т.е. повеќе од останатите следбеници.
Ме љубиш ли ти? – со други зборови, љубовта ли те придвижува во односот кон Мене или нешто друго?
Ме љубиш ли ти? – имено ти, и никој друг…

И само под услов на потврдни одговори, кои доаѓаат од длабочините на срцето, кои му се непознати и на самиот апостол, но не се скриени од Бог: Господи! Ти знаеш сè; Ти знаеш дека Те љубам – Спасителот го произнесува Својот благослов: Паси ги Моите овци.

Сурошкиот Архипастир ѝ оставил на Црквата бесценето наследство. Сведок на животот и духовен раководител на руската дијаспора во Северозападна Европа, на поколението емигранти од царска Русија, ги вовел во Божјиот храм оние што се родиле и израснале во постреволуциската Русија, кои своевремено ја напуштиле, а исто така, и тие, кои денеска слободно избираат, каде да поживеат на друго место, освен во домот на својата татковина… Добар пастир, ја создал Сурошката епархија, со силата на својот личен пример го открил богатството на Православието и пред синовите и ќерките на Албион, и пред сонародниците, кои се нашле надвор од границите на татковината.

ФИЛАРЕТ,
Митрополит Мински и Слуцки,

Извор: Кумановско- осоговска епархија
патријаршиски егзарх на цела Белорусија.