Иако далеку од дома верниот народ Македонски не заборава кој е, и каде е .
Така беше и денес во МПЦО-Св.Кирил и Методиј-Дортмунд.
Могуброен верен народ денес присуствуваш на Света Литургија  во единствениот  Православен Македонски храм  во Дортмунд и околината за да побараат прошка пред Господ Нашиот Бог.
На светата Литургија  многу дечиња пристапија кон светите Тајни Христови и се причестија.
Убаво беше да се гледа со очи   кога отец Душко ги поучи сите да пристапат  еден кон друг и меѓусебно си побараат прочка.Верниот народ ги слушна и поуките како и на кој начин да се пости и да се пристапи кон светата Причест.Проповедтта отец Душко ја заврши со зборовите -Да си простиме и да влеземе чисти и смирени во Големиот Велигденски пост.


Бидете меки во срцата и големи во душата  барајте  но и давајте прошка!
Македонците на овие простори се повеќе и повеќе покажуваат единство слога и меѓусебна љубов.Факт кој говори дека црковно -моралниот живот има влијание на овие верници ,кои и покрај многуте обврски и оддалеченоста сепак наоѓаат време за Бога.Денес можеа да се забележат многу верници од подалечните градови но и верници и од Холандија и Белгија .
Многу дечиња пристапија кон светиот путир и се причестија со Светите Христови Тајни.


Да простиме за да ни биде простено.


За Премин Портал- презвитера Анита Пецова-Дортмунд