„На човекот му е дадена таква сила што може да го пренесе доброто или злото врз она што го опкружува. Тоа се многу специфични работи. Потребно е големо внимание. Потребно е на сѐ да гледаме како на добро и позитивно. Ниту малку не смееме да размислуваме лошо во врска со другите. Дури и брзиот поглед и воздишката влијаат на оние околу нас. И дури и најмалата лутина предизвикува штета.

Потребно е да имаме добрина и љубов во нашата душа и тоа да го пренесуваме на нашата околина. Мораме да бидеме внимателни, никого да не оптеретуваме со каква било злоба против оние што нѐ повредиле, туку, со љубов да се молиме за нив.“ - Старец Порфириј

 

Избор од фејсбук страната на:

Моника Николова