Скопје- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец

„А кога дојде на себеси, рече: Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад.
Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: »Татко, згрешив против небото и пред тебе,
и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници.“ (Лука 15,18-19)

На 28.02.2015 година, во Неделана блудниот син, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на светиот апостол Онисим, и  Преподобен Евсевиј ,во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Ккапиштец, свештеникот Михаил Таневски  во сослужение на свештеникот Славчо Костадиновски и на ѓаконотСлободан Сарделиќ , отслужи  Божествена  Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, отецот произнесе беседа од денешното Евангелие.

 

 

Како минува животот на човекот? Неговиот ум е зафатен со постојаното решавање на насушните проблеми, тој дури и не може да се спореди со работливата мравка, тој повеќе наликува на пешак без цел. Човекот нема на што да се потпре. Подлогата на која што стои, изгледа дека постојано му се трга од под нозете. Ако со еден збор може да се изрази душевната состојба на човекот, тогаш тој збор ќе биде “немир“ – постојано неспокојство кое црвојади и ја разјадува силата на душата како киселината металот.

Преживување-тоа е прилагодување, а прилагодување-тоа е равенка, затоа пред христијанинот секогаш има избор: или прилагодување на лагите или прилагодување на свирепостите на овој свет, односно, да се игра човек, а да не се биде тоа, или да се влезе во борба со светот, да се стане против овој железен валјак, кој руши с¢ на својот пат. (арх. Рафсил Карелин)

 

 

 

Преминпортал (к.т.)