40godmet

Објавено: 28 Февруари 2016

„Воздивни сега, душо моја несреќна, и повикај кон Христа: Господи, Кој заради мене доброволно осиромаши, мене, кој се лишив од секое добро дело, збогати ме со богатството на добри дела, како добар и единствен многумилостив“ (песна од Канонот на Утрена во Неделата на блудниот син).

 40godmet 1

На 28.02.2016 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на св. ап. Онисим, преп. Евсевиј и св. Ефросинија и Пафнутиј, а по повод 40 години од упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, игуменот Агатон, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконите Антонио Дујовски и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски.

По завршувањето на Литургијата, беше отслужен и Парастос по повод 40 години од упокојувањето на Митрополитот Методиј, а Архиепископот Стефан се обрати кон многубројните верници со пригодна беседа.

40godmet 2

40godmet 3

40godmet 4

40godmet 5

40godmet 6

 40godmet 7

 40godmet 9

40godmet 10

40godmet 11

40godmet 12

 40godmet 13

 Извор: Дебарско- кичевска епархија