Скопје, 28-ми јануари 2016 год.- храм на св. Петка, н. Црниче

[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=eTZgFaimv2c&[/youtube]

sv.GavrilLesnovski.jpg

Преподобен Гаврил Лесновски

Кондак, глас 6.

На земјата си поживеал ангелски, и со животот си го објаснил Евангелието; умот свој си го свртел кон небесата, а луѓето си ги учел на благочестие. Поради тоа те славиме: Радувај се, преподобен Гавриле, Лесновска похвало.

 

Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.- Старец Паисиј Светогорец

Во триесет и петата  недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Преподобен Павле Тивејски,Преподобен Гаврил Лесновски, во храмот на св.Петка во скопската населба  Црниче, отец Јован Ристовски  во сослужение на ѓаконот Јане Илиев ослужи Божествена Литургија Бројниот верен  народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

Преминпортал (к.т.)