Децата од нашата улица-

Аминта Трети 29
Скопје


Почитувани,

Тихомир Јанчовски, Саша Шотаровски и „Децата од нашата улица“ ве покануваат да земете учество и во втората рунда од собирањето книги кои овој пат одат за формирање затворски библиотеки. Колку што разбравме, фондот на книги по затворите низ Македонија е од постар датум и недостигаат изданија од 90-те наваму. Не подарувајте се' и сешто, само нешто соодветно. И ве молиме, на книгите што сте одбрале да ги подарите напишете сопствена посвета до непознатиот затвореник. Разбравме и друго, некои затвореници изјавиле дека единственото нешто што ги одржува во живот и им дава утеха и надеж е токму читањето. Подарете книга на 30 јануари, од 11 до 15 часот, и останете со нас на греано вино.

Акцијата е чисто граѓанска, нема врска со никаква институција (партија, министерство, општина, НВО, амбасада...) само со конкретни личности. Бидете луѓе, подарете книга. И затворениците се луѓе. И Скопје е град, и има луѓе со добра волја и граѓанска свест.

Бидете поздравени и ве очекуваме во сабота.

Благодарност до Румена и Уранија, за помошта и поддршката во организирањето на настанот. И до сите што допрва ќе дадат свој придонес за акцијата.



Тихомир Јанчовски
24 January at 17:04

Кога велам да не се подарува се' и сешто туку соодветна книга, мислам на дела како:

-Проклета авлија, И. Андриќ
-Ајнштајновите сништа, А. Лајтман
-Физика на тагата, Г. Господинов
-Записи од мртвиот дом, Ф. Достоевски
-Раскази, А. Чехов
-Робинзон Крусо, Д. Дефо
-Монах Калист, М. Јовановиќ
-Александар Македонски, Плутарх
-Војникот Чонкин, В. Војновиќ
-Војникот Швејк, Ј.Хашек
-популарни и читани дела издадени во последните 20 години
-книгите на младите македонски прозаисти од 21 век и слично.

Несоодветна е каква било застарена и стручна литераура од областите како што се медицина, теорија на книжевноста, новинарство, шумарство, риболов, инстант духовност и сл. И ги молам издавачките куќи да НЕ НОСАТ пакети со десетици книги од ист автор што со години им земаат место по магацините и сакаат да се ослободат од нив. Работата е да собереме добри книги. Бројката на книгите не е толку битна, колку нивната соодветност за оние на кои им се наменети, во случајов, затворениците. Имајте го тоа на ум при изборот.

27-ми јануари 2016 год.

+

 Децата од нашата улица

 Аминта Трети 29
Скопје