Скопје, 19-ти јнуари 2016 год.- храм Свето Благовештение

Тропар, глас 1
Кога во Јордан се крштеваше Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица: гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син: и духот во вид на гулаб, ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави Христе Боже, и го просвети светот, слава Ти.

 

На 19-ти јануари 2016 година,  на празникот на Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан, и јавувањето на Бог Света Троица, протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје.
После литургијата во фонтаната  во дворот на храмот отецот  изврши Голем Водосвет, каде Даниела успеа да го фати крстот.

 

 

 

Преминпортал (к.т.)