Скопје, манастирска црква на св.вмч.Георгиј, Криви Дол

 

 

 Во триесет и втората  недела по Педесетница, на празникот на Свети Силвестер, eпископ Римски,  Преподобен Серафим Саровски, презвитер Горан Тасески, отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје.  Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на  Литургијата отецот произнесе празнична беседа, а потоа беа изнесени на поклонение  светите мошти.

 

 Тоа што сум јас монах, а ти не си, не значи ништо. Бог подеднакво го слуша и монахот и човекот од светот, под услов и двајцата да се вистински верници. Бог бара срце полно со вистинска вера, во кое ќе испрати од Својот Дух, зошто во човечкото срце е Царството Божје.
Светиот Дух и Царството Божје се едно исто.

- Св. Серафим Саровски

 

 Акатисти и канони

Кондак 1

            Избран чудотворецу и прекрасен угоднику Христов, брз помошнику и молитвенику наш, преподобен отче Серафиме, величајќи Го Господа, Кој те прослави, пофална песна ти пееме. Ти, пак, имајќи голема слобода пред Господа, ослободи нè од сите неволји, нас кои ти воскликнуваме:

Радувај се, преподобен Серафиме, саровски чудотворче!
 

Икос 1

            Создателот на ангелите те избра од почетокот со својот живот да го прославуваш прекрасното име на Света Троица. Ти навистина беше ангел на земјата и Серафим во тело, бидејќи твојот живот се просвети како пресветол факел на вечното Сонце на Правдата. Ние, пак, гледајќи ги твоите префални трудови, со побожност и со радост вака ти говориме:

  Житие на преподобен Серафим Саровски

   

 

 Преминпортал (к.т)