Sample Image

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и оваа година во рамките на соработката на Повардарската епархија и здружението на деца заболени од церебрална парализа од Велес, Повардарската епархија организираше Божикна забава за овие дечиња. На ова дружење присуствуваше Митрополитот Агатангел кој го благослови овој собир, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев кој ја поздрави оваа благородна активност. На оваа средба настапи црковниот хор при Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“. На забавата сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат добија пакетчиња од Повардарската епархија. Оваа средба беше осма по ред, и е веќе традиционално Божикно дружење со овие дечиња и нивните родители.

Извор. Повардарска епархија