Скопје, 25.12.2015 год.- храм на св. Пророк Илија, н. Аеродром

 20.12.2015 год.- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец        

 

Скопје, 25- ти декмври 2015 год.- храм на св. Пророк Илија

  sv.Spiridon.Trimifunski.jpg

Тропар, глас 1

На Првиот Собор се покажа поборник и чудотворец, богоносен Спиридоне, отче наш. Затоа, мртовец ти од гроб повика, и змија во злато претвори, и кога пееше свети молитви, Ангели ти сослужуваа, свештен. Слава на Оној што ти даде сила, слава на Тој што те овенча, слава на Оној што преку тебе сите ги исцелува.

 

На 25-ти декември  2015 година, во дваесет и деветата  недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го слави споменот на свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски ,во храмот на св. пророк Илија,  во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер  Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Гоце  Постолоски , ослужи Божествена  Литургија . На Литургијата  верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата, отецот произнесе кратко житие на денешниот светител.

 

Христовата Црква е жива и слободна. Во неа ние се движиме и постоиме преку Христос, Кој е нејзината Глава. Во Него ние имаме целосна слобода. Во Црквата ние ја спознаваме Вистината, а „Вистината ќе нѐ направи слободни“.

Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, прости му!“ Кога чесно се трудите во работата и дома се враќате изморени, но насмеани; кога за злото враќате со љубов - вие сте во Христовата Црква. Зар,  млад пријателе, не гледаш колку е блиску Христовата Црква? Ти си Петар и Бог ја ѕида Својата Црквa врз тебе. Ти си каменот од Неговата Црква, кој од ништо не може да биде совладан... Со нашата вера да изградиме храмови, храмови кои никава човечка сила нема да може да ги сруши, храмови на Црквата, чија основа е Христос... Сочувствувај со братот до тебе! Никогаш не прашувај: „Кој е тој?“ Подобро речи: „Тој не е странец (туѓ), туку мој брат. Тој е камен од Христовата Црква, како што сум и јас“.-Старец Георги Калчу

 

[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=X0J4rkkVles[/youtube]

 

   20.12.2015 год. - храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец       

На празникот на:

светите мошти на св. Амвросиј

vozdvizenie.jpg

Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)

 

 

 

Во  дваесет и деветата  недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прославува споменот на Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански), во храмот кој го носи името на св. Јован Крстител, протопрезвитет Сашо Додевски  во сослужение на ѓаконот Слободан Сарделиќ. отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 Преминпортал (к.т.)