На 19.12.2015 година, кога Црквата го слави Св. Николај Мирликиски Чудотворец, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот „Св. Никола“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Мирко Станковски, протоереј Дарко Наумовски и ѓакон Илија Деспотовски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 Св. Николај Мирликиски Чудотворец

За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија