“Правило: Да се помолиш на Бог за секој човек што си го посетил, сретнал или си се разделил од него. Нека од тебе тргне со твојата молитва ; тоа е најдобриот сопатник. “ - о. Јустин Поповиќ

Во кањонот на Матка, 13-ти декември 2015 год.- храм на св. Андреј Првоповиканиот

Старец Софрониј

Секое нешто што постои, постои зашто Бог мисли на него! Бог мисли на светот и светот постои! Ако ја барате волјата Божја, едноставно и со смирение, Бог може да ја промени која било состојба, дури и онаа најнегативната. Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно. Бог секогаш ќе наоѓа начин да ви ја открива вистината. Чекорејќи со послушание, го правите вашето срце почувствително на секое духовно движење во вашиот живот.

 

За Преминпортал: сестринство од манастирот Успение на Пресвета Богородица

13-ти декември, лето Господово 2015