Секоја човечка душа е пустина и пекол, додека во неа не влезе Господ Христос.

-Ава Јустин Поповиќ



Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запаметете, тое е завет од Господ!

Св. Јован Златоуст вели дека Божествената Литургија навистина е голем и чудесен дар; Божјите ангели ни завидуваат нам, луѓето, на кои им е дадена среќата – примање на Божјите Тело и Крв.

Свети Јован Кронштатски

„Додека овците пасат, пастирот не треба да престане да ја употребува свирката на поуките, особено штом ќе тргнат на спиење. Волкот од ништо толку не се плаши, колку од екот на пастирскиот кавал„ - Лествица


“Ние мораме да се презреме себеси, заради љубовта Господова, и тој “господин Јас“ , не само да го отфрлиме, туку и да го убиеме. Бидејќи, ако тој не биде мртов, не можеме да се соединиме со Господ: секогаш ќе штрчи тој наш “господин Јас“. Бидејќи тој е голем господин и не може да го свитка вратот, тој е секогаш - високо. Затоа, нам ни е потребно смирение, да се смириме и да се понижиме. Господ ни покажа какви треба да бидеме: смирени, понизни, покорни на Божјата Волја. Но, ние сакаме се' да устроиме според нашето мислење. Се мачиме самите себеси, ќе се измачиме и - ништо не сме направиле! Не сака овој свет онака, како што ние мислиме. И ' господинот Јас', тогаш многу се лути, затоа што не е така како што тој мисли. И сега, ете, се мачам самиот себеси, и самиот сум си виновен. Не се смирив, не се соединив со Господ, туку гледам во срцето и кога и да погледнам, го гледам тој ' господин Јас' . Кога однадвор ќе наиде искушение , па ќе го забоде ножот, не' прободува - а раната голема...Гледаш ли колку треба да се лечиме, колку треба да се смириме, колку треба да се обратиме кон Господ, така, во простота... “

-- Старец Тадеј