Скопје, 26-ти октомври 2915 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица

 

Свети Никола Кавасила

Нашиот Господ го зеде не само телото, туку и душата, умот и волјата - сѐ што ѝ припаѓа на човечката природа – за да се соедини со целото наше битие, за наполно да го проткае, поврзувајќи го во целина она што е Негово со она што е наше... Тој споделува со луѓето сѐ, освен гревот... Во тоа е силата и благодатта на Светата Тајна на Причеста во душите коишто кон оваа Света Тајна се приближуваат со чисто срце и се чуваат од секое зло.

Во дваесети првата  недела по Педесетница, на  празникот на светата великомаченичка Злата Мегленска, во   храмот Рождество на Пресвета Богородица,во Скопје,  свештеник Борислав Лазов   во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски  отслужи  Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Preminportal.com.mk (k.t.)