Во периодот од 16-17 октомври 2015 г, во градот Дортмунд- р.Германија се оддржа гoлема  јубулејна прослава по повод 25 г.постоење на оваа црковна општина.
Празнувањето започна во петок навечер со свечена Вчерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен со повеќе свештеници од Европската Епархија.


Во склоп на овој јубилеј се одржа и Европско свештеничко собрание на кое се дискутираше за многу конкретни и важни работи .


Во саботата на 17.10.2015 се отслужи св.Архиерејска Литургија   со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен и  свештеници од Европската Епархија.Многуброен верен народ од Северна Рајна Вествалија присуствуаа на светата Богослужба и многу верници и дечиња ,пристапија кон светата Причест.
Во својата свечена торжествена проповед не се криеше и радоста на г.Пимен кој порача ,,Ова дело е достојно за секаква почит и треба  да продолжи и понатаму со многу јубилеи и со уште поголеми успеси а  гледајки се повеке млад народ на светите Богослужби верувам дека така и ке биде!
Јубилејот беше збогатен и со културно-уметничка програма , на која се доделија благодарници на сите досегашни фамилии кои непрекинато го помагаат развојот на Црковната Општина.


Добрата соработка со германските власти се покажа и на дело бидејќи присуството на г.Торстен Клуте -Државен секретар на Северна Рајна Вествалија ,градоначалникот на општина та Дортмунд-Шарнхорст г.Хајнц Пастерни,членови на бундестагот г-га Сабине Пошман и г.Рудигер Шмидт,и други само покажува колку добра соработка имаме и тие не почитуваат како народ.
Добрата македонска музика не изостана и овој пат .
Прекрасно беше да им се види лицата на најстарите како си спомнуваа за годините наназад ,како со мака сето овова го создале ,а уште поголема беше нивната радост гледајке се повеке млади лица кои веруваме дека еден ден ќе бидат на нивните места.
По делата се познаваат луѓето,токму така и овој пат не беше заборавен покојниот свештеник , кои сите го знаат како дедо Ацо и во негова чест беше изработен портрет кој ќе ги краси просториите на Црковната Општина.
Радоста е радост само кога е потполна, со голем број на верници на светите Богослужби и со меѓусебна дружба, комуникација и искрено пријателство.Во нашата Црковна Општина е токму така ,секој и во се ,е подеднакво ист.
Да му благодариме на Бога за се и да дочекаме уште многу вакви радости !





известува отец Душко Пецов -парохиски свештеник во МПЦО- св.Кирил и Методиј, Дортмунд