Скопје. 30-ти септември 2015 год.- храм на св. Петка. н.Црниче

 

На 30--ти септември  2015 година,во седунаесетата недла по Педесетница, кога МПЦ-ОА го прославува  споменот на светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија, во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче, презвитер Игор Калпаковски во сослужение на ѓаконот Јане Илиев отслужи Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

[youtube height="350" width="560" align="left|right|none"]https://www.youtube.com/watch?v=idNbFgO359k[/youtube]

 

 

 

Свети Симеон Нов Богослов

На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господа, Господ не им допушта никогаш наполно да пропаднат, туку гледајќи ги изнемоштени, им содејствува и им помага, пружајќи им ја одозгора раката на Својата сила и возведувајќи ги кон Себе. И им содејствува понекогаш јавно а понекогаш тајно, знајно и незнајно, сѐ додека тие, откако ќе ја минат целата лествица, не се приближат до Него и сѐ додека сецело не се соединат со Сецелиот, заборавајќи на сѐ земно и сопребивајќи со Него, и вкусувајќи ги неискажливите добра.

  Преминпортал (к.т.)