"Свиткај го твојот врат под јаремот на послушанието и прилепи се кон здивот на твојот Старец. Само што ќе излезе збор од неговата уста, грабнувај го веднаш та, како со крилја да леташ, изврши го без да испитуваш дали е доблесен или не е. Извршувај слепо и без расудување што и да ти нареди тој, за да не бидеш ти одговорен за твоите дела.

Оној што наредува е одговорен, така што тој ќе дава отчет за својата наредба. Ти пак, ќе дадеш одговор за твоето непослушание.
Не е послушание само да ја извршиш оваа или онаа заповед, како што ќе ти биде наредено, а интимно да противречиш. Послушание е да го потчиниш разумот, начинот на размислување на твојата душа за да се ослободиш од стариот човек.
Послушание е да станеш роб, за да станеш слободен. Купи ја ефтино твојата слобода. Ослободи се од одговорноста и радувај се."

Извор:Прохор блог
Старец Јосиф Спилеот

Избор од фејсбук страната на. Наташа Деспотовска- Димитриевска