Берово- манастир на Успение на Пресвета Богородица

 

БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И СИНАКСИС ВО МАНАСТИРОТ СВ. БОГОРОДИЦА ВО БЕРОВО


Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово на 19. јули 2015. г. кога во МПЦ ОА се споменуваме на св. Сисиј ; отец Фотиј одслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни.

По Литургијата отец Фотиј низ редовниот синаксис ги подтикнуваше верниците на размислување за евангелските читања.
Апостолот Павле не почуваше да не си угодуваме на себеси туку на блиските и послабите во верата. И присутните деца веќе поучувани потврдуваа за помагањето на блиските низ молитва и сопствен пример.
Отец Фотиј дополни дека добрите дела мораме да ги вршиме во името на Исуса Христа. Тој ја критикуваше верата без дела мотивирана од споствено истакнување. За тоа наоѓаме безбројни оправдувања.

Светот ни дава лажна утеха само да заборавиме на вечниот живот. Добриот пример е одговорност кон блиските на една страна но на друга страна и наш одговор на Страшниот Суд. Тогаш стануваме светила на светот или како што истакнува владиката Наум стануваме нови апостоли по примерот на Христовите апостоли.
Затоа да се храбриме со житијата на светиите кои биле обични луѓе но ја препознале човековата грешна природа и се покајувале. Апостолите ни се пример на вршење најодговорна општествена функција водејќи скромен живот со една кошула и стап. Самиот апостол Павле не бил „социјален случај“ кој живеел од помош туку сам заработувал правејќо шатори. Светата Марија Египетска како грешница во младоста ја препознава благодатта на Божественото предупредување и се покајува. И светиот Антониј Велики, таткото на монаштвото имал моменти на возгордејување но доживеал благодатно предупредување да го надмине тоа.

Така и ние, почуваше натаму отец Фотиј, треба да ја бараме благодатта во примањето на светите Христови Тајни кои ни ги нуди Мајката Црква. Не мораме како светците да се подвизуваме во пустини и со мачеништво но мораме во секојдневието да најдеме моменти на смирение и разговор со Христос. Така ќе добиеме сила за весели да се соочуваме со секојдневните потешкотии, да наоѓаме разбирање за оние кои ни се огрешуваат и во нив да Го препознаеме ликот Христов.
Но како да не реагираме кога луѓето околу нас грешат – се прашуваа верните ?
Отец Фотиј посочи како што мајката што ќе го предупреди дедето кое што греши но без да ја намали својата љубов и ќе го сочува во заштитничка прегратка. Мораме да ги развиваме показателите на христијанските вредности во себе, а тоа се совеста, срцето и Христовиот пример.

 

 

За Преминпортал: Ратислав Кардалев