P1190113

На 06.07.2015 г. во Демир Хисар се одржа првиот Меѓународен научен симпозиум на тема: Манастирот „Св. Јован Крстител“ во Слепче, како духовен, книжевен и уметнички центар.. На Симпозиумот присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, како и научници, историчари и свештени лица од земјава, и од двете соседни земји, Бугарија и Србија.

P1190077

Утредента, на 07.07.2015 г, кога го празнуваме раѓањето на св. Јован Крстител, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар во сослужение на останатите свештенослужители, гости на симпозиумот, отслужи Божествена Литургија во машкиот манастир посветен на св. Јован Крстител во Слепче.

P1190090

P1190095

P1190101

P1190102

P1190106

P1190123

P1190132

P1190150

Извор. Преспанско- пелагониска епархија

Друго:


Манастирот ``Свети Јован Крстител`` во Слепче, како духовен, книжевен и уметнички центар, беше темата на првиот  Меѓународен научен симпозиум што денеска се одржа во Демир Хисар. Научници, историчари и свештени лица, како и научници од Бугарија и Србија, проговорија за Слепче во милениумскиот лак на словенската култура, за историографските записи за манастирот, за книжевната дејност во него, како и многу други научни сознанија, а Симпозиумот што го организира локалната самоуправа на Демир Хисар, доби поддршка и од МАНУ.

- Оваа иницијатива од година во година ќе расте и ќе добива поголеми и позначајни форми и треба да наиде на поголема поддршка од Државата, бидејќи го крепи духот на нашиот народ, кој сега, за жал, е разединет и впрегнат во некои политички превирања и пресметки- рече претседателот на МАНУ, професор д-р Владо Камбовски.

Слепченскиот манастир како духовно светилиште, ги разгатнува тајните на  историските процеси од средниот век, па се до денес, беше речено на Симпозиумот.

- Верувам дека е голем предизвик за сите учесници на овој симпозиум, зашто како манастирски комплекс е споменик на културата и духовно светилиште, што доволно податливо зборува за длабочината на корените на македонската цивилзација на овие простори- рече градоначалникот на Општината Демир Хисар Љупчо Блажевски.- на овој Симпозиум, денеска ќе биде презентирано дека тој континуитет трае дури во 19. Век и се случува уште еден голем подем на манастирот- рече Сашо Цветковски, научен секретар на Симпозиумот.

Со приопштувањето на научните резултати, беше речено дека се откриени нови извори и документи, кои говорат за некои новомаченици од 19.век. Утре, на манастирската слава, ќе биде одбележана илјада и правта годишнина од постоењето на  манастирот ``Свети Јован Крстител`` и ќе стартува второто издание на Демирхисарското културно лето.

Петар Стефановски- ТВ Алфа